fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Јавен повик за избор на 3 (тројца) еТвинери, за учество на еТвининг семинар од 22-24 Јуни 2023 во Леирија, Португалија под наслов “Инклузија и диверзитет во еТвининг“

24.4.2023 15:12:00

еТвининг мрежата при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, согласно Решение бр.20-519/2 од 20.04.2023 годинаобјавува:



Јавен повик за избор на 3 (тројца) еТвинери, за учество на еТвининг семинар од 22-24Јуни2023 во Леирија, Португалијапод наслов Инклузија и диверзитет во еТвининг


Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност поднесува барање за објава на повик за избор на 3 (тројца) еТвинери, за учество на еТвининг семинар за амбасадори и искусни етвинери под наслов: „Инклузија и диверзитет во еТвининг“ кој ќе се одвива од 22-24 јуни 2023 во Леирија, Португалија.


Трошоци за учество:

Националната агенција се обврзува да ги покрие целосно трошоците за настанот. Самиот учесник (индивидуално) е должен да го обезбеди транспортот до аеродром и назад и да си обезбеди патничко осигурување.


Критериуми за аплицирање:

-      Лицето да е регистрирано во еТвининг порталот

-      Лицето да е етвининг амбасадор или искусен етвинер

-      Лицето да е вработен во основно, средно училиште или градинка

-      Лицето да има познавање на англиски јазик и ИКТ алатки

*Во изборот на учесниците влиајние ќе има: учество на претходни еТвининг семинари, застапеност по региони во Република Северна Македонија и постигната работа во еТвининг.


Начин на аплицирање:

Кандидатите е потребно да ги достават следните податоци најдоцна до 27.04.2023 год, на  е-маил адресата aneta.zdravkovska@na.org.mk:

  • еТвининг портфолио/ краток опис на активности во еТвининг
  • Свои податоци: име и презиме, телефонски број, е-маил, име на училиште и адреса на живеење

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 3 (тројца) еТвинери, за учество на еТвининг семинар од од 22-24 јуни 2023 во Леирија, Португалија под наслов „Инклузија и диверзитет во еТвининг“  при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx