fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Јавен повик за учество на активност за обука и соработка “Иднина во тек: Истражување на вештачката интелигенција и дигиталните вештини во стручното образование и обука (ВЕТ)” исклучиво за стручни училишта

05.12.2025 18:06:58

25.01.2026 – 28.01.2026

Виена, Австрија

 

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националната агенција од Австрија, објавува јавен повик за учество на 2 учесника на активноста за обука и соработка Иднина во тек: Истражување на вештачката интелигенција и дигиталните вештини во стручното образование и обука (ВЕТ)  која ќе се реализира во Виена, Австрија.

 

Тема и цели на настанот:

Овој Еразмус+ контакт семинар се однесува на програмскиот приоритет дигитална трансформација, со силен фокус на зајакнување на дигиталните компетенции и поддршка на значајната интеграција на иновативните технологии во стручното образование и обука (ВЕТ). Целта е да ги оспособи вработените во стручните училишта да користат дигитални алатки, вештачка интелигенција и технолошки подобрени пристапи, како во нивните Еразмус+ проекти, така и во секојдневната училишна пракса.

 

Главните цели на семинарот се:

- подобрување на дигиталните компетенции и компетенциите во областа на вештачка интелигенција на вработените во стручните училишта преку истражување на актуелните трендови и практичните примени на дигиталната трансформација,

- подобрување на квалитетот на Еразмус+ проектите преку ефективна употреба на дигитални алатки, платформи и вештачка интелигенција во дизајнирањето и имплементацијата на проектите,

- поддршка на развојот на нови проекти за мобилност и партнерства меѓу европските стручни училишта,

- промовирање на употребата на европски платформи, вклучувајќи ги eTwinning и Европската платформа за училишно образование (ESEP), како и комбинирани формати за мобилност,

- зајакнување на меѓународната соработка меѓу стручните училишта преку олеснување на вмрежувањето, спојувањето на партнери и размената на иновативни практики.

 

Околу 50 учесници од цела Европа ќе учествуваат на овој контакт семинар за да разменуваат идеи, да учат од добрите практики и да развиваат нови Еразмус+ проектни иницијативи кои ги зајакнуваат дигиталните компетенции, писменоста за вештачка интелигенција и иновативните практики во стручните училишта.

 

Програмата вклучува:

- главни предавања и практични работилници,

- размена на најдобри практики и примери на успешни проекти

- простор за развој на нови идеи за проекти од Еразмус+

- можности за градење и проширување на европска мрежа

- студиски посети фокусирани на дигитални средини за учење и работа на проекти од Еразмус+ во пракса.

 

Очекувани резултати:

- учесниците да имаат развиено нови идеи за проекти и идентификувано потенцијални партнерски институции за проекти за мобилност преку Еразмус+ (KA121, KA122) и проекти за соработка (KA2), со акцент на партнерства од мал обем (KA210) поврзани со дигитални вештини, вештачка интелигенција и иновации во стручните училишта

- учесниците да стекнат практични алатки, методи и инспирација за интегрирање на дигитални алатки, пристапи базирани на вештачка интелигенција и иновативни технологии и во нивната проектна работа и во секојдневната училишна пракса,

- учесниците да бидат запознаени со можностите за дигитална соработка преку eTwinning, ESEP и мешани формати за мобилност.

 

Целна група на учесници:

Наставници и обучувачи од исклучиво од стручни училишта (ВЕТ) и координатори на проекти Еразмус+ заинтересирани за вештачка интелигенција, дигитални вештини и меѓународна размена.

Учесници кои сакаат да истражат дигитални алатки и иновативни технологии за стручни училишта, да развијат нови партнерства за проекти за мобилност Еразмус+ (KA1) и проекти за соработка (KA2) и да се вклучат во дигитална соработка преку eTwinning, ESEP и мешани формати за мобилност.

 

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Семинарот ќе се реализира во периодот од 25.01.2026 - 28.01.2026

 (25.01.2026 е ден на пристигнување, 28.01.2026 е ден на заминување)

 

Принципот на покривање на трошоци е следниот:

  • Организаторот ќе ги покрие трошоците за: обука, сместување и соодветен број на оброци.
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);

Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување и сл.)

 

Крајниот рок за поднесување на апликации е 15.12.2025 година.

Аплицирање: https://salto-et.net/events/show/AT01_0818_THO_2025

 

Забелешка: Известени и контактирани од страна на домаќинот – организатор на активноста за обука и соработка ќе бидат само избраните учесници.

 

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 2 учесника на Активноста за обука и соработка и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: [email protected] и [email protected].







Поврзете се

    czxczcx