fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

ЈАВЕН ПОВИК за избор на 1 (еден) еТвининг амбасадор за акциjaта еТвининг

27.2.2026 09:37:22

 

Врз основа на Решение бр. 20-155/2 од 26.02.2026, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (Национална агенција) објавува:

 

 

 

ЈАВЕН ПОВИК

    за избор на 1 (еден) еТвининг амбасадор за акциjaта еТвининг

 

Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг за 2026-2027 година, Националната агенција објавува Јавен повик за избор на 1 (еден) eTвининг амбасадор за акцијата еТвининг за ангажман со времетраење од две години.

 

За промоција на еТвининг иницијативите а по насока на еТвининг Националната организација за поддршка, како и промоција на Националната агенција потребно е да се избере еТвининг амбасадор кој треба да е искусен корисник на еТвининг порталот, да владее со ИКТ алатки и да има искуство во држење на онлајн обуки.

еТвининг амбасадорот во координација со еТвининг координаторот на еТвининг Национална организација за поддршка при Националната агенција ги има следните обрски:

  1.  Задачите на амбасадорите се следни:
    • Претставување и промовирање на еТвининг активностите во склоп на Еразмус+ програмата
    • Организирање на онлајн  работилници
    • Промоција на e eТвининг платформата на социјални мрежи
    • Корисничка поддршка
    • Споделување успешни приказни
    • Координација со носители на политики ( Министерство за образование и наука и Биро за развој на образованието)
    • Дистрибуција на промотивни материјали
    • Промоција на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност
    • Одобрување на кориснички профили и креирани проекти во ЕСЕП платформата (European School Education Platform)
    • Оценување на еТвининг проекти согласно „ еТвининг рамката за ознака за квалитет“
    • Учествување во работни групи и состаноци организирани од страна на Националниот сервис за поддршка:

еТвининг амбасадорот има обврска да учествува во работни групи и состаноци како дел од Националниот    сервис за поддршка во земјава и надвор и е должен да поднесува извештаи до еТвининг координаторот на Националниот сервис за поддршка при Националната агенција.

 

 2) Начин на оддржување на онлајн настаните

Амбасадорот, во текот на договорниот период, е должен да организира по две онлајн работилници месечно (со исклучок на месеците јули и август), наменети за градинки, основни и средни училишта во Република Северна Македонија.

Онлајн работилниците ќе се реализираат во две форми:

  • ·        Тематски работилници – се одржуваат на теми кои се приоритетни во рамките на eTвиниг и Eразмус+ програмата. Секоја сесија треба да има минимум 15 учесници, а темата се менува на месечно ниво.
  • ·        Информативни работилници – имаат за цел зголемување на бројот на корисници на порталот, како и запознавање на воспитувачите, наставниците, професорите, директорите и претставниците на локалната заедница со eTвининг порталот и можностите што ги нуди оваа платформа. За реализација на информативна работилница потребни се минимум 15 пријавени учесници.

Настаните ќе се оддржуваатна македонски јазик,  воeTwinning Live, Zoom, Microsoft Teams, или друга платформа во договор со еТвининг  координаторот. По секој оддржан настан, потребно е  амбасадорот да  достави листа на присуство, снимка и фотографија од настанот до еТвининг координаторот и истите да ги чува и за себе како доказ.

Во текот на планираните активности важно и неопходно е амбасадорите да соработуваат со еТвининг координаторот и да добијат согласност за своите активности.

 

3) Финансиски надоместок:

Националната агенција ќе им исплаќа финансиски надоместок на еТвининг амбасадорот чија исплата ќе биде регулирана со Договор за еТвининг амбасадор.

Исплатата на средствата ќе се врши на квартално ниво, по доставување финален извештај за реализираните активности од страна на амбасадорот.

 

 

 

4) Критериуми за пријавување:

Сите заинтересирани кандидати треба да ги исполнуваат следните критериуми:  

  • Да се вработени во основно, средно училиште или градинка во Република Северна Македонија
  • Да се регистрирани на еТвининг порталот
  • Да се искусни еТвинери со учество во минимум 10 еТвининг проекти
  • Да поседуваат најмалку еден сертификат за професионален развој во еТвининг платформата
  • Да поседуваат доказ за одржување на онлајн обука
  • Да се искусни во користење ИКТ алатки неопходни за одржување на работилниците
  • Да имаат развиено организациски, комуникациски и презентациски способности.

 

5) Начин и рок на аплицирање

Аплицирањето се врши по електронски пат, со доставување на потребната документација на адресата за електронска пошта [email protected], со предмет:„ апликација за еТвининг амбасадор“ најдоцна до 06.03.2026 година до 16:00 часот.

Кандидатите треба да достават на наведената електронска адреса:

 

  • Кратка биографија (CV)

 

Дополнителната релевантна документација ќе биде проверена од страна на Комисијата за разгледување и евалуација на пристигнатите апликации за еТвининг амбасадор директно во eTвининг платформата.

 

Избраниот  амбасадор ќе биде ангажирани за период од две години, за што ќе потпише договор со Националната агенција.

 

Општи мерки за спречување на корупција

 

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката избор на 1 (еден) eTвининг амбасадор, за еТвининг акцијата со мандат две години и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. 

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: [email protected] и [email protected].

 

 

 

 

 







Поврзете се

    czxczcx