fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

ЈАВЕН ПОВИК за избор на 5 (пет) еТвинери од предучилишни установи, основни и средни училишта кои се активно вклучени во рамки на Еразмус+ мобилност и имаат потреба од воспоставување партнерство за реализација на мобилност

06.3.2026 16:15:38

Врз основа на Решение бр. 20-166/2 од06.03.2026година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на 5 (пет)  еТвинери од предучилишни установи, основни и средни училишта кои се активно вклучени во рамки на Еразмус+ мобилност и имаат потреба од воспоставување партнерство за реализација на мобилност

Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг, потребно е да се објави повик за избор на 5 (пет) еТвинери од предучилишни установи, основни и средни училишта кои се активно вклучени во рамки на Еразмус+ мобилност и имаат потреба од воспоставување партнерство за реализација на мобилност, кој ќе се одржи во период од 27-29 мај 2026 година во Белград, Република Србија.

Семинарот е наменет за учесници регистрирани во еТвининг платформата.

Е-твинери се регистрирани наставници во еТвининг платформата чија што задача е да учествуваат во едукативни проекти, да споделуваат знаење и идеи, како и да ги вклучат своите ученици во различни проектни активности.

Критериуми за аплицирање

ü  Лицето треба да биде регистрирано на еТвининг платформата;

ü  Лицето да биде вработено во предучилишна установа, основно или средно училиште;

ü  Лицето да има учествувано во Еразмус+ проект;

ü  Лицето да има познавање на англиски јазик и основни вештини за работа со компјутер.

 При изборот на учесниците ќе се земаат во предвид следниве аспекти:

ü  историјата на учество на претходни еТвининг семинари;

ü  застапеност по региони во Република Северна Македонија;

ü  како и постигнатата работа во рамките на еТвининг.

*Само избраните кандидати ќе бидат контактирани од страна на Комисијата.

Начин на аплицирање

Краен рок за аплицирање на повикот е10.03.2026 година.

Кандидатите кои ги исполнуваат критериумите потребно е да го пополнат формуларот за учество на следниот линк:

https://forms.gle/UUqzw3FQSqxjzEUCA

Трошоци за учество

Националната агенција ќе ги покрие трошоците за патување, сместување и котизацијата за настанот. Учесникот (индивидуално) треба сам да го покрие транспортот до аеродромот и назад, како и да си обезбеди патничко осигурување за договорениот период.

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во постапката за избор на 5 (пет) еТвинери од предучилишни установи, основни и средни училишта кои се активно вклучени во рамки на Еразмус+ мобилност и имаат потреба од воспоставување партнерство за реализација на мобилности при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. 

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: [email protected] и [email protected].







Поврзете се

    czxczcx