Врз основа на Решение бр. 20-166/2 од06.03.2026година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на 5 (пет) еТвинери од предучилишни установи, основни и средни училишта кои се активно вклучени во рамки на Еразмус+ мобилност и имаат потреба од воспоставување партнерство за реализација на мобилност
Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг, потребно е да се објави повик за избор на 5 (пет) еТвинери од предучилишни установи, основни и средни училишта кои се активно вклучени во рамки на Еразмус+ мобилност и имаат потреба од воспоставување партнерство за реализација на мобилност, кој ќе се одржи во период од 27-29 мај 2026 година во Белград, Република Србија.
Семинарот е наменет за учесници регистрирани во еТвининг платформата.
Е-твинери се регистрирани наставници во еТвининг платформата чија што задача е да учествуваат во едукативни проекти, да споделуваат знаење и идеи, како и да ги вклучат своите ученици во различни проектни активности.
Критериуми за аплицирање
ü Лицето треба да биде регистрирано на еТвининг платформата;
ü Лицето да биде вработено во предучилишна установа, основно или средно училиште;
ü Лицето да има учествувано во Еразмус+ проект;
ü Лицето да има познавање на англиски јазик и основни вештини за работа со компјутер.
При изборот на учесниците ќе се земаат во предвид следниве аспекти:
ü историјата на учество на претходни еТвининг семинари;
ü застапеност по региони во Република Северна Македонија;
ü како и постигнатата работа во рамките на еТвининг.
*Само избраните кандидати ќе бидат контактирани од страна на Комисијата.
Начин на аплицирање
Краен рок за аплицирање на повикот е10.03.2026 година.
Кандидатите кои ги исполнуваат критериумите потребно е да го пополнат формуларот за учество на следниот линк:
https://forms.gle/UUqzw3FQSqxjzEUCA
Трошоци за учество
Националната агенција ќе ги покрие трошоците за патување, сместување и котизацијата за настанот. Учесникот (индивидуално) треба сам да го покрие транспортот до аеродромот и назад, како и да си обезбеди патничко осигурување за договорениот период.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во постапката за избор на 5 (пет) еТвинери од предучилишни установи, основни и средни училишта кои се активно вклучени во рамки на Еразмус+ мобилност и имаат потреба од воспоставување партнерство за реализација на мобилности при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: [email protected] и [email protected].